Кофинансирано од
  Европска Унија
Споделено Знаење
Инвестиција за иднината

Промовиран мост на пријателството помеѓу Македонија и Бугарија

Назад

Денес Амбасадорот на Бугарија Иван Петков престојуваше во посета на Штип. Тој оствари средба со градоначалникот прим.м-р Илчо Захариев по што свечено го пуштија во употреба новиот пешачки мост, именуван како „Мост на пријателство меѓу Македонија и Бугарија“. Мостот чија вредност е околу 30.000 евра е поставен во рамките на Проектот за уредување на коритото на река Отиња на подрачјето на општина Штип.

Мостот е поставен преку обезбедена неповратна финансиска помош од Р. Бугарија за учество во меѓународната соработка и развој.

- За нас членството на Македонија во Европската Унија е многу важно и таа наш најважен сосед. Ние одлучивме да градиме мостови, да развиваме пријателство и луѓето да комуницираат, да се поврзуваат и да се разменуваат идеи и производи. Затоа и се вложивме во овој проект кој е симбол на поврзувањето на Бугарија и Македонија. Се надевам дека и во иднина ќе соработуваме на нови проекти. Јас најмалку десет пати сум бил во Штип и секогаш гледам нешто ново што покажува дека градот се движи напред, се развива - изјави амбасадорот Петков.

Градоначалникот Захариев напомена дека соработката е на задоволство и на двете страни:

- Ова е проект кој што го финансираше Владата на Бугарија, иако станува збор за мал мост, голема е симболиката бидејќи тој ги спојува луѓето од двете страни на Отиња, но поважно е што спојува две нации, две пријателски земји. Ние од Бугарија како членка на ЕУ можеме да научиме многу и на тој пат нивното искуство ни е потребно. Од друга страна, имаме многу заеднички проекти. Со општина Гоце Делчев преку ИПА програмата на ЕУ имаме одличен проект преку кој Штип ќе изгради мултимедијален центар. Исто така со Благоевград имаме проект за зачувување на стари занаети, а со Ќустендил ја продолжуваме неколку годишната долга соработка.

Одберете јазик:   
Форма за најавување

Корисничко име:
Најнови објави