Кофинансирано од
  Европска Унија
Споделено Знаење
Инвестиција за иднината

Почна конструкцијата на вториот дел од платформата на река Отиња во Штип

Назад

Денес започнаа градежните зафати за конструкција на вториот дел од платформата во река Отиња во Штип. Изведувач на градежните зафати е штипската фирма „Бау инжинеринг“ а вредноста на проектот е 4.3 милиона денари. Рокот за конструкција е 90 дена.

 

Минатата година, со подршка на приватни донатори, пред се на „Комерцијална банка“ Штип беше завршен првиот дел од платформата а оваа година, по спроведената постапка следи конструкцијата и на вториот дел. Платформата првично е изменета во споредба со оригиналниот проект, но во секој случај е важен дел од проектот за обнова на коритото на Отиња. Со конструкцијата на втората половина од платформата, ќе заврши и уредувањето на овој дел од коритото на Отиња. Останува да се најде начин за изградба на втората платформа спроти градскиот плоштад за што општината бара приватни донатори кои истата би ја добиле на располагање доколку инвестираат во неа.

 

Како што е познато, во тек се активности на два дела од коритото, откако изминатите 20 месеци беа завршени три делници во должина од околу еден километар. Преостануваат уште толку, кои според динамиката веќе во декември годинава ќе означат крај на уредувањето на коритото на Отиња.

Одберете јазик:   
Форма за најавување

Корисничко име:
Најнови објави