Кофинансирано од
  Европска Унија
Споделено Знаење
Инвестиција за иднината

До сега инвестирани 120.000 евра во обнова на „Дом на млади“ во Штип

Назад

Градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев направи увид во градежните зафати за реконструкција на Домот на млади. Во тек се активности на внатрешниот и надворешниот (фасаден) дел а се очекува на крајот да биде обновен и дел од кровната конструкција. Во внатрешниот дел, заменети се прозорците, најголемата просторија која служеше за концертни настапи и различни перформанси веќе е со нови ѕидови, а се работи и на обнова на одводната мрежа и реконструкција на тоалетите, пренесува „1.мк“.

Според градоначалникот Захариев, до сега за обнова на Дом на млади се потрошени околу 120.000 евра, и во рамките на предвидената сума ќе бидат завршени сите градежни зафати. Претходно Домот на млади доби асфалтиран влез и паркинг простор до објектот. Ова е прва поголема инвестиција во Домот на млади, со кој ќе се овозможи заживување и негово адаптирање за младински активности, со оглед на децениското пропаѓање и неоддржување, додава порталот „1.мк“.

Одберете јазик:   
Форма за најавување

Корисничко име:
Најнови објави