Кофинансирано од
  Европска Унија
Споделено Знаење
Инвестиција за иднината

Отворена официјално новата фабрика на „Актива“ во Штип

Назад

Во индустриска зона „Север“ во Штип свечено беше пуштена во работа новата фабрика на штипската градежна компанија „Актива“, која ќе работи под името „Актива аутомотив“ . На свеченоста присуствуваа Филип ван Хоол, сопственик на најголемата европска фабрика за автобуси „Ван Хоол“ од Белгија, вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо, Веле Самак, министер за странски инвестиции и градоначалникот на Штип, прим-р Илчо Захариев:

 

- Реков дека инвеститорите се најважната работа за нас како општина и токму следејќи го примерот со Актива и Ван Хол, благодарение на нивната брзина, денес можеме да кажеме дека веќе имаме нова инвестиција на германска фабрика веднаш до Актива во оваа индустриска зона. Оваа фабруика посакувам да работи 1000 години и многу генерации да работат во неа, и сакам да му се заблагодарам на Ван Хол што го избра Штип. Мислам дека покажавме дека можеме и дека донесоа вистинска одлука што фабриката ја отворија во Штип - изјкави градоначалникот Захариев.

 

Вицепремиерот Пешевски истакна дека фабриката на Актива и Ван Хол се пример за „функционална економија“. Но исто и доказ за одличната поставеност и комуникација на централната власт со општините:

 

- Тоа што градоначалникот препознал квалитет и перспектива за развој на зоната со една ваква инвестиција, говори за подготвеноста на администрацијата да направи се што треба за да ги привлече инвестотирте. Така треба да се работи, тоа е пример како треба да се развива економијата.Посакувам Актива да се шири и од 300 да порасне на 500 лица. Оваа компанија реализира производи кои се конкурентни на светскиот пазар зашто автобусите на ’Ван Хоол‘ во чие производство значаен удел има и ’Актива‘ се продаваат во цел свет. Тоа што оваа штипска компанија денес работи за најдобрите компании во светот е нешто што високо ја издигнува конкурентноста на она што е произведено во Македонија.

 

Филип ван Хоол, сопственик на белгиската компанија, го изрази своето задоволство што му се укажала прилика да ги запознае штипските стопанственици Иле Николов и Аргир Лазовски, сопственици на „Актива“, кои од многуте компании покажале лидерство и разборање за економските проблеми.

 

Иле Николов, директор на „Актива“, напомена дека првата фабрика за заварени склопови за автобусите на белгиската компанија „Ван Хоол“располага со 9.000 квадратни метри и со најсовремени машини, во што се инвестирани 4,5 милиони евра.

 

- Камен-темелникот го поставивме на 23 април минатата година а фабриката со производство започна во октомври. Ние иако ја пуштаме фабриката таа веќе одамна рбаоти и ова е само чин на свеченото отворање. Во новата фабрика отворивме 100 нови работни места, со што за неполни три години од 120 „Актива“ израсна во колектив со над 300 вработени од кои 10 проценти се високообразовен кадар од металска, машинска и електро струка.

 

Оваа фабрика на „Актива“ како и најавата за нов погон од кој ќе излегуваат автобуси а не само склопови за автобуски шасии, отвора перспектива Штип да биде град на авто-индустријата а не само на текстилот.

Одберете јазик:   
Форма за најавување

Корисничко име:
Најнови објави