Кофинансирано од
  Европска Унија
Споделено Знаење
Инвестиција за иднината

За три месеци, решени уште 250 предмети за легализација на бесправно изградени објекти

Назад

Општина Штип за првите три месеци од 2014 година позитивно реши 250 предмети за легализација на бесправно изградени објекти.

Во процедура се  околу 1000 предмети за легализација на бесправно изградени објекти. Тоа значи дека во следните месеци, ќе се постапува по овие барања за легализација, со цел истите да бидат решени.

Решени се 4650 предмети од вкупно 10.467 поднесени барања за легализација. Времено се одбиени речиси половина или 4817 заради недостаток на еден од трите побарани документи, од кои најчесто недостигаат елаборати. До сега негативна одлука за легализација е донесена само за 30 предмети со правосилна одлука.

Важно е да се напомене дека овие 4817 баратели за легализација имаат можност до 31 декември 2015 да ја докомплетирата документацијата, односно рок кој беше продолжен со одлука на Владата на РМ.

Исто така, во тек е постапка за легализација на доградба на нова тераса или легализација на адаптација од стара тераса во станбен простор за згради. Рокот е до 30 јуни 2015 и до сега се пријавени десетина штипјани.

Одберете јазик:   
Форма за најавување

Корисничко име:
Најнови објави