Кофинансирано од
  Европска Унија
Споделено Знаење
Инвестиција за иднината

Почна конструкцијата на тениски терени во Сењак

Назад

Започна реализацијата на проектот за комплетирање на спортските терени во населбата Сењак. Од викендот започна порамнувањето на локацијата каде Агенцијата за млади и спорт ќе конструира две тениски игралишта во Штип.На оваа локација, минатата година беше изградено и пуштено во употреба мултфункционално игралиште, а сега до него се градат и два тениски терена.

Останува уште завршување на локацијата од другата страна на игралиштето кое општината ќе ја урбанизира во парк со соодветно хортикултурно уредување, со што ќе биде заокружена оваа целина од овој дел на градот.

Одберете јазик:   
Форма за најавување

Корисничко име:
Најнови објави