Кофинансирано од
  Европска Унија
Споделено Знаење
Инвестиција за иднината

Често поставувани прашања

Почетна

За кого е наменета оваа страница?

Оваа страница и информациите кои ги нуди се наменети за сите заинтересирани страни, но поконкретно за:

  • Претставници на компании или НВО: 
    Можете да го користите овој систем за да пронајдете соодветни програми за финансирање, релевантни публикации, минати и тековни проекти, но исто така и за да пронајдете соодветна партнер компанија од општините Ќустендил, Република Бугарија и Штип, Република Македонија.
  • Општински службеници:
    Можете да внесете проектни информации или информации поврзани со фондови, но исто така и расположливи извори за информативни потреби.
  • Новинари:
    Можете да добиете информации за области и трендови на финансирање, локален економски развој или прекугранична соработка.

Како да го користам системот за да пронајдам соодветни информации?

Ве молиме погледнете го упатството за корисници за да се информирате за неговата функционалност и чекорите кои се потребни со цел да пронајдете конкретни информации.

Како можам да добијам пристап во системот?

Целосен пристап до заштитениот дел на системот можат да добијат само регистрирани компании. 

За подетални информации за добивање на пристап, контактирајте со:

Ирена Манева
е-пошта: irena.maneva@stip.gov.mk
мобилен: +389.78.472.726 

Каде можам да најдам проектни формулари за аплицирање кои ми се потребни за да ги пополнам со цел да се пријавам за финансирање на проект?

Пронајдете ја соодветната програма и проверте во делот Задолжителна документација.

Како да аплицирам за финансирање на проект?

Пронајдете ја соодветната програма и следете ги упатствата. Овој систем има само информативна намена, и не може да се користи за аплицирање на конкретни програми.

Кому да се обратам за да добијам информации за конкретен проект?

Ве молиме прегледајте ја соодветната проектна документација за да пронајдете конкретен контакт за проектот во прашање. Исто така, можете да побарате контакт детали на оваа веб страница за соодветните општински службеници.

Одберете јазик:   
Форма за најавување

Корисничко име:
Најнови објави